Поврзете се со нас

Свет

Ристовска и ЦСКА ќе се борат за титулата во Купот на Русија

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

Сара Ристовска со ЦСКА Москва обезбеди пласман во големото финале на Купот на Русија каде во борбата за пехарот ќе ги одмери силите со Ростов Дон.

Клубот од Москва беше подобар од Динамо Синара со убедливи 33:23. ЦСКА го најави триумфот веќе во првото полувреме кое го доби со 18:12, а го потврди и во вторите 30 минути кои ги реализираше со 15-11.

Македонската репрезентативка Ристовска имаше добар меч со четири гола од пет обиди.

Инаку Ростов Дон во полуфиналната фаза беше подобар од Лада Тољати со 25:22.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни