Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фановите на Борусија почнаа да доминираат уште пред стадионот, Луис Енрике и Терзиќ се одлучија за почетните 11 (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Навивачите на Борусија Дортмунд важат за едни од најстраствените и најпосветените во фудбалска Европа, но тоа посебно доаѓа до израз кога се играат натпревари од највисок ранг.

„Милионерите“ денеска ќе играат против ПСЖ во полуфиналето во Лигата на шампионите, а навивачите на Борусија се погрижиле за вистински спектакл уште пред стадионот.

Река од навивачи обоени во жолто се упатиле кон стадионот и заедно се погрижиле за дополнително загревање на атмосферата, која се очекува да добие своја кулминација на „Сигнал Идуна парк“.

На еден час пред европското дерби, пристигнаа и официјалните состави на двајцата тренери, па Луис Енрике и Един Терзиќ се одлучија за следните 11 во своите постави.

Борусија Дортмунд: Кобел, Шлотербек, Хумелс, Матсен, Рајерсон, Џан, Сабицер, Брандт, Адејеми, Санчо и Филкруг

ПСЖ: Донарума, Ашраф, Маркињос, Ернандес, Мендеш, Заир Емери, Витиња, Фабијан Руиз, Дембеле, Мбапе и Баркола

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни