Поврзете се со нас

Македонија

Ракометарките на Куманово го освоија трофејот во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ZRK.Kumanovo

Ракометарките на Куманово го освоија трофејот во Купот на Македонија и тоа откако во финалето остварија драматичен триумф над Вардар со 32:31.

Избраничките на Димитриески беа оние кои во клучните моменти беа подобри од „црвено-црните“, знаеја да ги искористат шансите и дојдат до третиот трофеј во ова натпреварување. Кумановки водеа со 15-12 по првите 30 минути, во вториот дел се водеше голема борба во која на крајот последниот збор го имаше освојувачот на трофејот.

Клучниот погодок вреден пехар беше дело на Пена Граматова во последните секунди од дуелот во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Бразилката Алмеида со 11 гола беше најефикасниот играч кај победникот, додека во редовите на Вардар, двоцифрена со 10 гола беше Стефановска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни