Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ во јануари ќе тргне по фудбалер на Челси

Објавено

на

Од таборот на ПСЖ не се откажуваат од ангажман на нови фудбалери и покрај фактот што значително го засилија својот состав во штотуку изминатиот летен преоден рок.

Францускиот клуб во јануари ќе влезе во преговори со играчот на Челси, Антонио Ридигер кој се уште го нема продолжено договорот со клубот од Лондон.

Германецот за нешто помалку од една година ќе стане слободен агент и уште во јануари ќе може да преговара со заинтересираните клубови за негов евентуален трансфер како слободен агент во наредниот летен преоден рок.

Токму таа опција сака да ја искористи ПСЖ кој треба да се засили во срцето на одбраната и покрај фактот што ова лето го ангажираше Серхио Рамос од Реал Мадрид.

Од таборот на Челси сакаат да го задржат играчот, кој пак се уште не донел конечна одлука дали ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ или кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни