Поврзете се со нас

Англија

Првиот човек на Премиер лигата се повлекува од функцијата

Објавено

на

Претседателот на Премиер лигата, Гери Хофман денеска потврди дека ќе ја напушти функцијата на почетокот на следната година.

Хофман ја извршуваше функцијата од април 2020 година, а претпоставките се дека заминува поради конфликтот со клубовите кои беа незадоволни од продажбата на Њукасл.

Голем број членови на Премиер лигата беа непријатно изненадени поради начинот на кој конзорциумот воден од Саудиска Арабија го презема Њукасл и без поголеми проблеми му беше овозможено да влезе на англиската фудбалска сцена.

– Решив дека е време да се повлечам и Премиер лигата да добие нов лидер за новите, возбудливи предизвици кои следуваат, – изјавил Хофман.

Засега не е познато кој ќе биде негов наследник, а одговорните ќе мора да направат добар избор имајќи ги предвид комерцијалните договори кои ги има лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни