Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Потер: Не ги гледав пеналите, тоа не е за мене

Објавено

на

Челси славеше над Борусија Дортмунд со 2-0, резултат кој беше доволен за место во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот даде по еден гол во двете полувремиња и со тоа донесе радост на исполнетиот „Стемфорд Бриџ“. Овој резулат дефинитивно донесе и задоволство кај тренерот Грем Потер кој во изминатиов период беше под голем притисок поради лошите резултати на екипата.

-Не сум сигурен како се чувствувам! Има многу емоции. Беше напнато на крајот од натпреварот, но момците играа фантастично. Задоволен сум од тоа што поминавме понатаму, -рече Потер кој говореше и за пенал ситуацијата која донесе реакции, коментари од страна на гостите од Дортмунд.

-Да бидам искрен не го видов тоа најдобро. Само знам дека некој влегол предвреме. Понекогаш се случуваат такви работи. Каи (Хаверц) го издржа притисокот. Очигледно е дека имаме доверба во него. Не гледав кога шутирав, но бев воодушевен кога го слушнав крикот на навивачите. Изведувањето на пенали не е за мене, се восхитувам на секој што го прави тоа, -истакна Грем кој порача дека тимот сега треба да се насочи кон следниот предизвик

-Беше фантастично чувство во соблекувалната. Поминавме низ тежок период и ова натпреварување ни значи многу. Сакавме поминеме во четвртфиналето и успеавме. Но, сега мора брзо да се опоравиме и да се подготвиме за сабота кога ќе играме со Лестер во Премиер Лигата, -заклучи менаџерот на „сините“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни