Поврзете се со нас

Англија

По Тросар, Арсенал договори уште едно засилување: За 20 милиони стигнува дефанзивец од Серија А

Објавено

на

Микел Артета во краток период ќе добие две добри засилувања кои би требало да му помогнат во намерата клубот да остане во вистинска насока и да ја задржи првата позиција на табелата во Премиер лигата.

Арсенал ја чека премиерлигашката титула уште од далечната 2003-2004, а оваа година се чини дека се поблиску од било кога, па јасно е дека Артета мора да донесе играчи со цел да има поголема ротација во продолжение на сезоната.

Според англиските медиуми веќе е готов трансферот на Леандро Тросар од Брајтон, а сега клубот е во завршни преговори и со полскиот стопер и член на Специја, Јакуб Кивиор.

Станува збор за 22 годишен фудбалер за кого Арсенал ќе исплати 20 милиони евра и кој со клубот од „Емирејтс“ ќе потпише петгодишен договор.

Фабрицио Романо пренесува дека Кивиор треба да пристигне во Лондон на медицински прегледи во следните 48 часа по што трансферот ќе биде и официјално потврден од двата клуба.

Што се однесува до самиот фудбалер, тој е редовен во одбраната на Специја во Серија А оваа сезона, а веќе е и стандарден член на репрезентацијата на Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни