Поврзете се со нас

Свет

Пирло го прекина молкот откако ја заврши својата етапа во Турција (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/asikaragumruk

Андреа Пирло пред два дена заработи отказ од Карагумрук и стави крај на својата епизода во Турција, во која легендарниот играч за врска не се прослави премногу.

Клубот пред два дена му се заблагодари на Италијанецот и ја прекина соработката која започна пред една година, а по 48-часовен молк, сега се јави и Пирло со порака на социјалните мрежи.

– Ова беше многу важна и интензивна година, полна со раст на личен и професионален план…..

– Запознав нов град и нова култура и нависитна го ценам тоа, но на крајот преовлада желбата да најдам нов предизвик. Сакам да им се заблагодарам на сите во Карагумрук, на неверојатните фанови кои ме поддржуваа од самиот старт. Почнувајќи од денес, имате еден фан повеќе, – порача Пирло.

За Андреа работата во Карагумрук беше втора како самостоен тренер на еден тим, па сега останува да видиме кој ќе биде следниот чекор на човекот кој освои титула во Купот и Суперкупот со Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни