Поврзете се со нас

Шпанија

Перез го активираше петтото летно засилување, Реал се пофали со неговите неверојатни потези (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Флорентино Перез навести дека Реал Мадрид го завршува летниот преоден рок уште во месец јуни со четирите ангажмани на Гарсија, Дијаз, Белинам и Хоселу, но сепак на почетокот на месец јули доби сериозен предизвик и претседателот на „кралевите“ не одолеа на истиот.

Сериозниот интерес на фудбалски великани како Милан и Барселона за Арда Ѓулер го направија „турскиот Меси“ мета број еден во Европа, а Реал ја искористи својата добра финансиска позиција за да ги надмудри останатите и експресно да го договори неговиот ангажман.

18-годишниот тинејџер беше во напредни преговори со Барса и беше блиску до „Камп Ноу“, но на крајот по негова желба дошло до промена на ситуација и на крајот завршува на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид ќе плати 20 милиони евра, Фенербахче може да добие уште 10 милиони евра во бонуси, а задржува 20 проценти од правата за негова идна продажба.

– Реал Мадрид и Фенербахче постигнаа договор за трансфер на Арда Ѓулер, кој се обврза на верност кон нашиот клуб за шест сезони. Утре, 7-ми јули ќе биде претставен во клубот со почеток во 12:00 часот. После презентацијата, тој ќе има и обраќање пред новинарите, – гласи објавата на Реал, по што следеше видео од најдобрите потези на големиот фудбалски „бисер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни