Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер загуби од Крка, ќе чека нова шанса за осигурување на плејофот

Објавено

на

Пелистер ќе мора да се прикаже во многу подобри издание на следните два меча во АБА2 лигата, бидејќи токму истите ќе дадат одговор дали македонскиот претставник ќе обезбеди место во плејофот.

Битолчани имаа шанса да запишат седма победа и речиси да го обезбедат осмото место, но Крка се покажа како пресилен ривал и си замина со бодови и победа.

Второпласираниот тим на табелата сега е сигурен за разигрувањето во второто по ранг регионално натпреварување, додека Пелистер ќе мора да брка такво нешто на средбите против Слога и Подгорица.

Крка денеска ја доби првата четвртина со 26:36 и тоа беше најава за триумфот на гостите, кои во останатиот дел од мечот го одржуваа водството и славеа со конечни 88:102.

По овој епилог, Пелистер е на делба на осмото место со Слога, па директниот дуел против овој тим најверојатно ќе биде и клучен за патникот во плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни