Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер го промовираше новото засилување: Ова е клуб со голема традиција…

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска официјално го промовираше најновото засилување, а тоа е македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски.

Кузманоски доаѓа во новата средина од вториот тим на Пелистер, поточно благодарение на одличние изданија беше испратен во најдобриот состав. Крилото се обврза на верност во следните три и пол сезони и го доби дресот со број осум.

Уште пред потписот со Еурофарм Пелистер 2 моја цел беше да заиграм за првата екипа. Еве тоа се случува порано од предвиденото и очекуваното. Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор, клуб со голема традиција и многу сум задоволен од досегашниот престој во тимот. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија, а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи.

Пофалби за тренерот Александар Јовиќ. Имавме напорна прва полусезона и покрај проблемите со корона вирусот. Напорно трениравме, се спремавме за исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Успеавме тоа да го оствариме и еве сум тука во првиот тим, -истакна Цветан своето деби ќе го очекува во наредниот период во натпреварите од СЕХА лигата, Лига Европа и Суперлигата.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни