Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер го доби клучниот дуел со Слога и обезбеди место на завршниот турнир

Објавено

на

Foto:facebook.com/kkpelisterbitola

Пелистер ја испушти првата „меч топка“ за влез на завршниот турнир во АБА2 лигата, но тимот од Битола не ја испушти својата втора шанса, која беше и клучна со оглед на противникот со кој играше.

Во директната пресметка за влез на завршниот турнир, Пелистер го доби трилерот со Слога од Краљево и успеа да слави со 96:93, триумф кој на македонскиот претставник му носи гарантирано место меѓу осумте најдобри и место на завршниот турнир.

Двата тима беа на делба на осмата позиција пред стартот на натпреварот и беше јасно дека само еден тим ќе слави по одиграни четири четвртини, а на крајот тоа се кошаркарите од Битола.

Натпреварот кој се играше во „балонот“ во Босна и Херцеговина почна подобро за македонскиот претставник, Пелистер наметна темпо и направи разлика во првите две четвртини, по кои на пауза замина со предност од 16 поени (56:40).

Пелистер ја одржуваше двоцифрената предност во третиот период, но потоа следеше голем пад во последната четвртина, кој за среќа не резултираше со пресврт. При резултат 96:93, Слога имаше обид за тројка и израмнување на резултатот, но добра вест беше што обидот беше неуспешен.

Карпентер со 26 поени беше најдобар поединец кај Пелистер, следен од Карутерс кој реализираше 23 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни