Поврзете се со нас

Европски првенства

Немилиот настан му ги врати спомените на Муамба: Плачев кога Ериксен колабираше

Објавено

на

Фабрис Муамба е добро познато име на оние љубители на фудбалот од почетокот на 21. век. Тогаш младиот француски фудбалер го носеше дресот на неколку премиерлигаши, а кариерата мораше да ја заврши по еден немил настан сличен на вчерашниот во кој се најде Кристијан Ериксен.

Во сега веќе далечната 2004 година, Муамба колабираше на теренот носејќи го дресот на Болтон и тогаш 24 годишниот фудбалер мораше да стави крај на кариерата. Сега, по вчерашните случувања, Муамба се обрати до јавноста со трогателна порака.

– Вчера плачев, ми се вратија сите спомени, беше навистина страшно. Бев во домот на еден пријател и баш кога го пуштивме фудбалот го видов Ериксен како паѓа на земја. Си реков: „Нема шанси, ова не се случува“, а како што одминуваше времето, работата стануваше се пострашна. Тоа ми ги врати сите спомени за тоа што ми се случи мене, бев целиот во солзи иако не го знам момчето. Си викав „Ајде Ериксен, ајде“.

– Се обидов да си ја разбистрам главата, но немаше шанси. Морав да г повикам татко ми и да го прашам дали го гледа тоа. Не ми се веруваше што се случува, зошто тоа му се случи него. Има две деца, а неговата сопруга еше таму. Јас зборував со мојата сопруга која тогаш мораше да фати воз од Манчестер до Лондон, каде што бев кога ми се случи ова мене. Се сеќавам дека тогаш само ја прашав како се носи со сето тоа.

– Мило ми е што целата ситуација заврши добро, но ќе бидам смирен ако го видам како излегува и зборува во јавност. Се надевам ќе излезе од целата оваа ситуација, тоа што го гледавме беше навистина многу вознемирувачко, -изјави 33 годишниот Муамба кој долго време е надвор од фудбалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни