Поврзете се со нас

АТП

Не е подготвен: Надал нема да игра во Монте Карло

Објавено

на

Поранешниот светски рекет број еден, Рафаел Надал нема да настапи на Мастерсот во Монте Карло.

Шпанецот веќе подолго време е надвор од терените и тоа од Австралија Опен со тоа што информациите беа дека тој ќе се врати кога ќе започне сезоната на земја, поточно за кам-бек беше посочуван турнирот во малото кнежество.

Сепак таквите прогнози не се оствари и тоа го потврди самиот Надал преку социјалните мрежи:

-Здраво на сите, се уште не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво. Нема да можам да играм на еден од најважните турнири во мојата кариера-Монте Карло. Не сум во позиција да играм и го продолжувам мојот процес на подготовка, со надеж дека ќе се вратам наскоро, напиша Рафа.

Мастерсот во Монако се игра од 9 до 16 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни