НБА
НБА размислува за враќање на класичниот формат на Ол стар натпреварот

Ол стар натпреварот има посебно значење за НБА лигата и нејзините фанови, а традиционалното соочување на најдобрите играчи во шампионатот наскоро може да се врати кон традиционален формат.
Комесарот Адам Силвер во последното интервју потврдил дека раководството на лигата размислува годинава во Индијанополис да се врати форматот Исток против Запад, наместо досегашниот начин во кој играчите со најмногу гласови правеа сопствен избор на играчи.
Една од важните заложби на лигата е да се посвети повеќе внимание на главниот натпревар, кој вообичаено е малку засенет поради сите активности кои започнуваат уште од четврток навечер во градот каде се организира настанот.
– Размислуваме за потенцијално менување на Ол стар натпреварот во Индијанополис во 2024 година.
– Можеби враќање на нешто потрадиционално во начинот на кој се формираат тимовите. Се решивме на драфт избор од страна на капитените, но историски овој дуел бил Исток против Запад и можеби тоа е и најдобра опција, – рекол Силвер.
Првиот човек на НБА демантирал дека лигата размислува за формат на Тим на САД против Тим на светот.
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 15 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 24 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 8 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)