Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ до планирана победа против фенерџијата Шибенка

Објавено

на

Фото: ABA league/Dragana Stjepanovic

Македонскиот првак МЗТ Скопје рутински го доби дуелот со Шибенка во АБА2 лигата (93:77) и стигна до шестата победа во регионалното натпреварување.

МЗТ уште на полувреме имаше плус 18 против фенерџијата во лигата и без никакви проблеми го заокружи овој настап во Нови Сад со убедлива и очекувана победа.

Делалиќ постигна 16, а Ворку и Баковиќ по 15 поени, предводејќи ги стрелците во редовите на МЗТ, додека кај Шибенка, Скориќ реализираше 19 поени.

МЗТ има скор 6-3 во АБА2 и е на петтото место на актуелната табела по девет одиграни рунди.

Во недела, противник на нашиот претставник ќе му биде домаќинот Војводина, кој засега има победа повеќе од МЗТ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни