Поврзете се со нас

Европски првенства

Модриќ ги „поздрави“ арогантните Англичани пред големата пресметка на „Вембли“

Објавено

на

Третиот натпреварувачки ден на Европското првенство ќе стартува со дерби натпревар меѓу Англија и Хрватска, а пред фудбалската пресметка на „Вембли“, Лука Модриќ како лидер на „коцкестите“ се потсети на епизодата од пред три години.

Во тогашното полуфинале на Светското првенство, Хрватите беа максимално потценети од страна на англиските медиуми кои веќе ја видоа својата репрезентација во финалето, но наместо тоа, селекцијата предвоена од Далиќ го неутрализираше голот постигнат од Трипие, а потоа победи во судиското продолжение.

Модриќ како капитен на Хрватска ја сместува Англија меѓу фаворитите за освојување на Европското првенство, но не пропушти да ја нагласи ароганцијата на англиските медиуми кои сега решил да ги избегне пред утрешниот меч на „Вембли“.

– Ние како тим не сметавме дека сме потценети и омаловажени од англиските играчи, ниту од било кој од нивната селекција. Тоа го направија аналитичарите, новинарите, коментаторите. Ја потценија Хрватска и тоа беше голема грешка.

– Мораа да бидат многу поскромни и да покажат респект кон ривалот, наместо тоа, тие беа арогантни. Сите нивни најави ги запамтивме и на крајот ги искористивме за да не мотивираат дополнително. Изминативе неколку дена не ги читав англиските медиуми, не обрнав внимание. Работевме добро на тренинзите и мислам дека не чека еден цврст и израмнет меч, – изјави Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни