Поврзете се со нас

Германија

Милер за „бомбата“ на која сериозно работи Баерн: Не постои човек на светот на кој не му се допаѓа таков играч

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Милер е најдолг староседелец во Баерн Минхен и како дете на клубот мина низ многу етапи изминативе години, а како важен дел од првиот тим, честопати добива прашања и за време на трансфер периодите.

Баварскиот великан веќе ги доведе Гереиро и Лајмер и се поврзува со уште неколку звучни имиња, а тука пред се се мисли на Ким од Наполи, како и Кејн од редовите на Тотенхем.

Кореецот е веќе договорен и се очекува да пристигне во Минхен во текот на оваа недела, додека ситуацијата со Кејн е доста покомплицирана и поради тоа Милер дава дипломатски одговор.

Офанзивецот на Баерн не крие дека не постои човек на светот кој не би го сакал Кејн во својот тим, но засега ќе почека двата клуба да си ја завршат работата и да не создава непотребен притисок.

– Постојано сум си го велел истото на себе. Се додека нешто не е завршено, безвредно е да зборувате за тоа и да давате било какви изјави. Дали ми се допаѓа? Не постои човек на светот на кој не му се допаѓа Кејн. Засега сум фокусиран само на едно, сакам да ги запознаам новите момци Гереиро и Лајмер, – изјавил Милер за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни