Поврзете се со нас

Германија

Матеус со сериозно предупредување до Нагелсман: Баерн не е истиот, има еден подобар тим во Германија!

Објавено

на

Лотар Матеус беше првиот кој го најави пристигнувањето на Јулијан Нагелсман во Баерн Минхен, а сега исто така се претвора во првиот човек кој испрати сериозно предупредување до новиот тренер на баварскиот великан.

Легендарниот Матеус вели дека воопшто не е добро тоа што Баерн не го реновира првиот тим по заминуваето на Ханси Флик и неколку важни стартери како Алаба и Боатенг, па си даде за право да заклучи дека во овој момент има еден тим кој е подобар од оној на Баерн во Бундеслигата.

– Баерн можеби се уште ги има најдобрите 11 во Германија, но севкупно гледано, Лајпциг има подобар тим. Ако гледаме поопширно од првите 11 играчи и ги споредиме двата тима, мислам дека Лајпциг има подобар тим и може подобро да се носи во критичниот дел од сезоната кога ќе дојдат и повредите и суспензиите на дел од играчите. Тоа не значи дека Лајпциг ќе биде шампион, но Баерн не може да биде опуштен како порано и ќе мора да избегне тесни ситуации.

– Не е само Лајпцигм тука се и Борусија Дортмунд, Леверкузен и Волфзбург. Баерн ги освои сите титули во 2020-та година бидејќи имаше широка клупата и играчи кои прават разлика кога ќе влезат. Во Лигата на шампионите во Лисабон, секој што ќе влезеше на теренот, даваше нова димензија.

– Тоа не беше така минатата сезона и нема да биде и оваа. Покрај клучните заминувања на Алаба, Боатенг и Мартинез, си отидоа уште тројца играчи, – потенцира Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни