Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти и Винисиус Жуниор едногласни: Време е да го вратиме Реал таму каде што припаѓа

Објавено

на

foto: twitter.com/marca

Реал Мадрид остана непоразен во Минхен на пресметката со Баерн Минхен и со тоа се доведе во добра позиција за пласман во големото финале на Лигата на шампионите.

На „кралевите“ ќе им биде потребна било каква победа во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, односно таков еден резултат ќе ги доведе до завршниот меч во натпреварувањето, а со тоа воедно многу блиску до уште еден голем трофеј.

-Имаме добар резултат. Што се однесува до играта, можевме подобро. Најдобриот период ни беше на почетокот на вториот дел, кога примивме два гола. Баерн е многу опасен тим. Тој ја покажа најдобрата верзија од себе, но ние тоа не го направивме. Имаме време до среда да се подобриме, -рече Анчелоти и додаде:

-Им дадовме премногу контрола. Во второто полувреме кога тргнаа напред почнавме повеќе да ги притискаме. Се чинеше дека ни е удобно на теренот, но ни недостигаше интензитет. Загубивме многу дуели. Добро го завршивме натпреварот“. Тука сме да се бориме. Од Лондон сме на 90 минути, порача Италијанецот.

Винисиус Жуниор смета дека Реал е подготвен за магична ноќ и финале во ЛШ.

-Сега е време за уште една магична ноќ на Сантијаго Бернабеу. Сакавме да победиме во Минхен, но лесно ја губевме топката и Баерн знаеше како да го казни тоа. Следува одмор и подготовки за реваншот, мора да дадеме се во Мадрид. Време е да го вратиме Реал таму каде што му е местото – во финалето на Лигата на шампионите, -изјави Бразилецот.

Реваншот е закажан за 8 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни