Поврзете се со нас

Лига на нации

Манчини остана без важен дефанзивец, веднаш повика замена пред дуелот со Шпанија

Објавено

на

Италијанската фудбалска репрезентација утре се среќава со Шпанија во полуфиналето на завршниот турнир на Лигата на нации, а селекторот Роберто Манчини останал без уште еден важен фудбалер.

Овој пат се работи за дефанзивец, односно Алесандро Бастони од Интер, а причина е високата температура на фудбалерот на Интер, кој ќе мора принудно да ја заврши сезоната.

Италијаанската федерација објави дека Бастони имал симптоми на грип и поради тоа не отпатувал во Холандија со своите колеги од националниот тим, во пресрет на утрешното полуфинале.

Манчини експресно пронашол замена во Алесандро Буонџорно, фудбалер на Торино кој има одлична сезона зад себе.

Буонџорно има настапи за младинските категории на Италија, а сега ќе конкурира и за деби во сениорскиот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни