Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мајсторија која се најде во топ изборот на колото во ЛШ: Кузмановски ја „скина мрежата“ на Беласен (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер немаше сили за изненадување против великанот Кил на кого му беше потребно едно супериорно полувреме за да се стекне со предност која потоа рутински ја одбрани за конечни на крајот 29:23.

Битолчани ќе имаат што да научат од овој пораз, но не беше се така црно во Германија и доказ за тоа е признанието што го доби македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски.

Бекот беше автор на три гола, а еден од нив, „проектилот“ со кој ја искина мрежата на Беласен се најде на топ 5 листата на најатрактивни голови на 12. коло во Лигата на шампионите.

Филип се најде на средина, третото место и тоа на листата која ја отвара Сагосен, а затвара Фримел од Пик Сегед.

Овде можете да ги погледнете мајсториите на колото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни