Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп пред дуелот со Милан: Лекарскиот тим ќе ме убие…

Објавено

на

Ливерпул веќе обезбеди место во следната фаза на Лигата на шампионите, а менаџерот Јирген Клоп денеска потврди дека ќе направи ротации во екипата на гостувањето кај Милан.

Премиерлигашот има единаесет бода повеќе од италијанскиот состав, но домаќините ќе се надеваат на позитивен резултат во борбата за втората позиција.

– Мора да правиме ротации, тоа е јасно.

– Лекарскиот тим ќе ме убие ако почнеме со истиот тим повторно. Нормално е дека не можам да ги заменам сите фудбалери, но добро ќе ни дојдат свежи нозе на теренот. Игравме 5 натпревари за 14 дена и по оваа средба не очекуваат ист број дуели за сличен период.

– Не знам дали Салах ќе биде стартер, но сигурно дека ќе се обидеме да излеземе со најдобар состав кој ни е достапен во тие моменти, – изјавил Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни