Поврзете се со нас

Македонија

Кизиќ: Пелистер ме убеди со амбициозниот проект

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер доведе неколку нови засилувања за новата сезона, а меѓу нив беше и македонскиот репрезентативец Марко Кизиќ.

Кизиќ одлучи да ја заврши приказната со Вардар и да замине во Битола каде се надева дека ќе добие поголема минутажа, позначајна шанса да ги искаже своите квалитети.

-Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе.

-Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб,. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува, -порача Кизиќ кој официјални беше преставен во Пелистер.
Освен Кизиќ во Битола пристигнаа уште Реиние Табаода (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто) и Немања Обрадовиќ (ППД Загреб).
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни