Поврзете се со нас

Италија

Касано со бомбастичен предлог до Милан за купување на нов напаѓач: Пиоли заслужува таква жртва

Објавено

на

Милан се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампионите и навивачите на овој клуб повторно сонуваат за најпрестижната титула во Европа, но истовремено, тимот на Стефано Пиоли води борба за топ четири и во Серија А.

Впечатокот е дека Пиоли вади максимум од овој тим кој пред една години стана шампион и работата на искусниот стручњак неизмерно се цени во Италија, а многумина сметаат дека минатото лето беше и изневерен од раководството на клубот, кое не се потруди да донесе квалитетни засилувања.

И покрај тоа, Милан е во добра позиција во завршната фаза од сезоната, но поради најавеното заминување на Златан Ибрахимовиќ, на тимот неопходно ќе му биде да донесе нова напаѓач налето.

Антонио Касано смета дека Милан треба да тргне по Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач кој проаѓа низ кошмарен период во Јувентус и кој според него, би сакал да ја врати кариерата на вистински пат.

– Ако јас бев во Милан, ќе тргнев по Влаховиќ. Ако Милан обезбеди Лига на шампиони, мора да купи врвен напаѓач. Тие тргнаа по Ибра кога малку кој веруваше во него и излезе добро. Милан има напаѓач и во Жиру, но тој ретко надминува 15 голови по сезона.

– Пиоли врши голема работа со овој тим, го има најдобриот голман во светот и добро се покриени на средина, го имаат и Леао кој ќе остане. Милан треба да издвои 50-60 милиони за Влаховиќ. Милан мора да направи жртва за Пиоли, тој заслужува такво нешто. Јас би се фокусирал на Влаховиќ, кој има лош период во Јувентус и кој ќе сака да се врати во врвот. Исто така, сметам дека Јувентус ќе мора да направи избор: Или да си оди Алегри, или Влаховиќ, – потенцира Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни