Поврзете се со нас

Светски првенства

Капело истакна двајца фудбалери кои најмногу го изненадиле на СП во Катар

Објавено

на

Фабио Капело одамна се повлече од тренерската работа, но активно ги следи случувањата на фудбалската сцена, а со тоа и на СП во Катар.

Во последното интервју за „Марка“, Италијанецот зборувал на повеќе теми, испраќајќи поддршка и за веќе екс шпанскиот селектор Луис Енрике.

Капело истакнал и кои фудбалери позитивно го изненадиле на СП.

– Имаше повеќе фудбалери кои се истакнаа, но ако треба да бирам тоа се хрватскиот голман Ливаковиќ и мароканскиот репрезентативец Унахи, рекол Капело.

Италијанецот истакнал дека е задоволен од судискиот критериум на овој турнир.

– Судиите дозволија повеќе да се игра и ме потсетија на фудбалот од пред некое време. Симулациите се намалуваат, дозволен е контакт, се надевам дека ваќа ќе се суди и во Лигата на шампионите, – изјавил Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни