Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ќе доведе две засилувања на местото на Куадрадо, во прв план двајца играчи на Реал

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус мора да ја засилува десната страна по одлуката за разделба со Хуан Куадрадо, а угледниот новинар Џанлука Ди Марцио најавува дека опциите за негова замена се актуелни играчи на Реал Мадрид.

Италијанскиот клуб посакува да го искористи фактот што Лукас Васкез и Алвадо Одриосола не се во прв план кај Карло Анчелоти, па може да доведе најмалку еден од нив во своите редови.

Ди Марцио тврди дека Јувентус сака да ангажира две освежувања за десната страна, а во комбинација е и Ерик Холм од Специја, за кого „бјанконерите“ би требало да платат меѓу 5 и 7 милиони евра.

Позитивно за членот на Серија А е што Специја не обезбеди опстанок во елитата и веројатно нема да може да ги задржи фудбалерите кои сакаат да ја променат средината ова лето.

Што се однесува до играчите на Реал, Васкез на 32-годишна возраст не добива голема минутажа кај Анчелоти и размислува за промена на средината, додека Одриосола има искуство во Серија А, каде настапуваше како позајмен играч во Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни