Поврзете се со нас

Италија

Јувентус го реши случајот Кулушевски, планира да врати Белгиец во Серија А

Објавено

на

Трансфер активностите на Јувентус носат одредени конкретни потези, а вчера италијанскиот клуб го решил статусот на Дејан Кулушевски.

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло и официјално ќе стане член на Тотенхем, откако двете страни се договориле премиерлигашот да го откупи неговиот договор за сума од 30 милиони евра.

Јувентус на овој начин ги реши дилемите околу иднината на Кулушевски, а истовремено преговара за враќање на Белгиец во Серија А.

Се работи за Тимоти Кастањ, кој од Аталанта се пресели во Лестер, па и покрај солидните настапи, не успеа да му помогне на својот тим да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Тренерот Макс Алегри го одобрил трансферот на Кастањ како солидно засилување за десната страна, а италијанскиот клуб ќе треба да преговара со Лестер, кој првично бара 15 милиони евра за белгискиот интернационалец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни