Поврзете се со нас

Италија

Интер го претстави новиот дрес и го потврди новиот главен спонзор

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Европскиот вицешампион Интер денеска го промовираше дресот за сезоната 2023/24, кој истовремено носи две добри вести за клубот.

Покрај продолжувањето на соработката со „Најк“ со многу подобри финансиски услови, клубот од Милано го официјализираше и новиот главен спонзор.

Се работи за стриминг сервисот „Парамаунт +“, кој ќе го заземе местото на претходниот спонзор, кој не ги исполни финансиските услови кон Интер и беше отстранет од дресовите уште пред крајот на сезоната.

Традиционалната сино-црна комбинација во модерно издание останува на дресовите на Интер, а покрај логото на „Парамаунт +“, на ракавите ќе стои логото на „Ибеј“, кој исто така останува меѓу важните спонзори на италијанскиот клуб.

Според медиумите, Интер ќе заработува фиксни 20 милиони евра и бонуси кои може да ја подигнат сумата до 30 милиони евра само од „Најк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни