Поврзете се со нас

Свет

Иџе заврши шести на првата трка на „Валелунга“, па доживеа непосакувани проблеми на втората

Објавено

на

Игор Стефановски имаше добар прв настап на денешната трка во ТЦР шампионатот во Италија, бидејќи во воведната неделна трка заврши на шестото место и напредуваше четири места пред почетокот на втората.

Македонскиот претставник имаше добро темпо на првата трка на патеката „Валелунга“, па иако во сличен ритам продолжи и на втората трка која се возеше подоцна, поради проблеми со автомобилот заврши во песокот и не ја заврши втората трка.

Популарниот Иџе стартуваше 14-ти и многу брзо напредуваше шест места и беше осмопласиран пред да се соочи со проблеми, поради кои за жал не ја комплетираше втората трка.

Добра вест за Стефановски е што освои бодови на сите викенди кои ги возеше досега во ТЦР Италија, шампионат во кој сега ќе има едномесечна летна пауза пред новите возбудувања.

Следната трка е закажана за крајот на месец јули, односно претпоследниот викенд од 23-ти до 25-ти јули кога ќе се вози на познатата патека „Имола“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни