Европски првенства
Хрватска го зграпчи подарокот од Велс и сега е на чекор од пласман на ЕП (Видео)

Хрватска беше во доста неповолна позиција пред денешните натпервари во квалификациите за Европското првенство, но „коцкестите“ ќе имаат многу помирни неколку дена пред пресметката со Ерменија.
Велс денеска киксираше во Ереван и одигра само 1:1, а тоа и овозможи на Хрватска да избие на второто место на табелата и сега да зависи сама од себе за пласман на турнирот во Германија.
Хрватска вечерва не погреши и славеше против Летонија со 0:2, и тоа пред се благодарение на блесокот во воедниот дел од мечот.
Ловро Мајер погоди за 0:1 и ги олесни работите за избраниците на Златко Далиќ, а хрватскиот селектор се радуваше на втор гол и по погодокот на Крамариќ.
Со овие три бода, Хрватска е сега втора и има два бода предност пред Велс, што прави во последното коло да зависи сама од себе. Доколку оствари победа против Ерменија на домашен терен, Хрватска сигурно патува во Германија, а ќе се најде таму и во случај на пораз, но ако Велс не победи против Турција.
-
Англијапред 21 час
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Францијапред 23 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума