Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон: Ферари и Ред Бул се во „друга лига“

Објавено

на

Денешните квалификации во Бахреин најавија понеизвесна сезона во Формула 1 шампионатот, во која Ферари и Ред Бул „покажаа заби“ уште на стартот, а Мерцедес ќе има доволно време за да ги подобри перформансите и да биде во конкуренција за титулата.

Првиот официјален натпревар ја потврди актуелната предност на Ферари и Ред Бул, а истата ја признава и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој денеска мораше да се задоволи со петтата позиција.

– Генерално гледано, може да се каже дека сум среќен со резултатот.

– Ако се знае каде бевме минатите недели, проблемите кои ги имавме со болидот, беше вистински кошмар.

– Ривалите се во „друга лига“, па петтото место е коректно, се надевам ќе направиме подобрувања во пресрет на трката. Ние во моментов не можеме да се бориме со Ферари и Ред Бул, па мојата битка е со возачите на другите тимови, – изјавил Хамилтон.

Пол-позицијата ја освои Шарл Леклер од Ферари, а во првите два реда се уште и Ферстапен, Саинц и Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни