Поврзете се со нас

Англија

Халанд под голем знак прашалник за дербито со Ливерпул: Не сум лекар, но…

Објавено

на

Ерлинг Халанд поради повреда не е дел од селекцијата на Норвешка во овој термин наменет за репрезнтативни натпревари, но овие две седмици како што стои работата нема да бидат доволно за напаѓачот да закрепне за дербито со Ливерпул во Премиер лигата.

Таа средба е закажана за 1 април на „Итихад“ и како што стојат работите тој многу тешко ќе биде спремен да помогне во тој значаен меч за „граѓаните“ кои имаат осум бода помалку од лидерот Арсенал.

-Јас не сум лекар, но сигурен сум дека тој не може веднаш да скокне да игра по две недели закрепнување. Манчестер Сити може да се коцка, но ако тој не го добие испорачаниот третман за време на закрепнувањето, нема да игра. Постојат многу спринтови и движења во различни насоки во текот на натпреварите. Чекаме да видиме како ќе реагира на третманот, -истакна таткото на ѕвездата на Сити, Алф Инге Халанд.

Наредниот лигашки предизвик за клубот од Манчестер е на 8 април против Саутемптон, а потоа следи битката со Баерн Минхен во ЛШ, поточно на овие две средби може да се очекува кам-бек на Ерлинг според актуелната ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни