Поврзете се со нас

Англија

Халанд пишува своја историја: Четврти хет-трик и 25 гола на 19 меча (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд одговори со голови на критиките кои ги доби за изданието на дербито против Манчестер Јунајтед, па откако стрелаше против Тотенхем, денеска постигна хет-трик за само 15 минути.

Незадржливиот Норвежанец продолжи да пишува своја историја во Премиер лигата, бидејќи денешниот хет-трик беше четврти за него во првата сезона во Англија, а стигна до неверојатна бројка од 25 постигнати погодоци на 19 меча во елитата.

Манчестер Сити се мачеше против Вулверхемптон се до моментот кога Халанд го скрши мразот пред крајот на првиот дел, по што даде уште два гола на стартото на второто полувреме.

Првиот гол го постигна во 40-та минута, а останатите два во 50-та и 55-та минута, со што практично го реши прашањето околу победникот на „Итихад“.

Со својот 25-ти сезонски гол и четврти хет-трик во Премиер лигата, Халанд му донесе сигурна победа на Сити, па Пеп Гвардиола реши да го повлече од игра во 60-та минута.

До крајот резултатот не се менуваше, со тоа што беше поништен еден гол на Марез поради офсајд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни