Поврзете се со нас

Свет

Големите фудбалски ѕвезди се збогуваат со Пеле: Меѓу првите се јавија Кристијано и Мбапе (Фото)

Објавено

на

Пеле беше вистински симбол за поимот „фудбал“ и неслучајно доби статус на „Крал“ на оваа игра, која легендарниот Бразилец насекаде ја промовираше и по крајот на својата играчка кариера.

За жал, Едсон до Насименто денеска почина на 82-годишна возраст во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло и го зави во црно цел фудбалски свет, а големите фудбалски имиња експресно почнаа да го искажуваат своето жалење за тажната вест.

Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе меѓу првите се јавија со пораки за човекот кој има значење на Бог во Бразил, но истото важи и за Шпанците Серхио Рамос и Икер Касилјас.

– Мое најдлабоко сочувство до цел Бразил, а особено до семејството на г-дин Едсон Арантес до Насименто. Самото „збогум“ со вечниот крал Пеле никогаш нема да биде доволно за да се изрази болката што моментално го опфаќа целиот фудбалски свет. Инспирација за толку милиони, премиер за вчера, денес, пример засекогаш. Наклонетоста што секогаш ја покажуваше кон мене беше реципрочна во секој момент што го споделувавме, дури и од далечина. Тој никогаш нема да биде заборавен и неговото сеќавање вечно ќе живее во секој љубител на фудбалот. Почивај во мир, кралу Пеле, – порача Роналдо.

– Кралот на фудбалот не напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено, – посочи Мбапе.

– Многу тажен ден за фудбалот! Ни замина митот на оваа игра. Сакан и почитуван. Почивај во мир Пеле, – напиша Икер.

– Да се зборува за легенда и историска личност е премалку. Едноставно ни замина „Кралот“. Фудбалот секогаш ќе те памети, почивај во мир Пеле, – порача Рамос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни