Поврзете се со нас

НБА

Гобер истрча од кош на кош и се посрамоти со завршниот потег (Видео)

Објавено

на

Руди Гобер имаше одличен ефект во победата на Минесота над Лос Анџелес Клиперс и е еден од најзаслужните што Тимбервулвс го совладаа ривалот од западната конференција на домашен терен.

Францускиот центар го завршил дуелот со 25 поени и 21 скок, што беше и најдобар индивидуален ефект на некој од играчите кои настапија на оваа средба.

Сепак, Гобер испорача и еден неславен момент, кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи.

Кошаркарот на Минесота истрча сам од кош на кош и кога се чинеше дека треба само да ја круниса одличната индивидуална акција, се посрамоти во обидот да поентира, промашувајќи зицер на положување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни