Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Сплит

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло во поединечна конкуренција на силниот фјучерс што се игра во Сплит за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа имаше тежок предизвик на стартот, соочување со четвртата носителка Тара Вирт од која загуби со 2-0 во сетови. Тара имаше подобар почеток и првиот сет го доби со 6-3 по што во вториот имаше голема борба и мораше да се игра тај-брејк во кој Македонката не освои ниту еден поен (7-0).

На тетовката сега и преостанува настапот во двојки каде за партнерка ја има Вероника Ерјавец (Словенија). Лина и Вероника за место во полуфиналето ќе мора да ги минат првите носителки Екатерини Горгоѕе и Лејре Ромеро Гормаз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни