Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го мина својот идол на вечната листа: Овој успех не е само мој

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ со полуфиналната победа над Хуркач испиша нова тениска историја, бидејќи стана првиот играч кој по седми пат ќе заврши една година како најдобро рангиран на АТП листата.

Со денешниот триумф во Париз, Новак си го осигура првото место до крајот на 2021-ва година и со тоа го мина легендарниот Пит Сампрас со кого досега ја делеа првата позиција на вечната листа со по шест завшрени години како најдобри во светот, нешто што предизвика нависитна огромно задоволство кај Србинот.

– Ова е големо достигнување, навистина сум посбено горд и навистина ми олесна. Неверојатно е тоа што го минав мојот пример и идол од детските денови, големиот Пит Сампрас. Овој успех е мој, но и на моите најблиски и на целиот тим. Без нив, нема да можам да играм на ова ниво, – порача Србинот.

Во утрешното финале, противник ќе му биде Данил Медведев, откако рускиот тенисер во второто полуфинале го декласираше Зверев со 6:2 и 6:2.

– Неодамна игравме со Данил во финалето на Ју-Ес Опен. Таму е надигра, исто како што јас го надиграв во Мелбурн. Во овој момент, тој е мој најголем ривал, се надевам дека овојпат ќе ги свртам работите во моја корист. Гледав како игра против Зверев, игра во одлична форма, сервира извонредно и речиси да не промашува. Неодамна игравме еден сет на тренинг и беше навистина тесно. Се надевам дека ќе биде така и утре, – изјави Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни