Поврзете се со нас

Италија

Фудбалски мајстории на Орсолини и Салемакерс, Болоња граби кон ЛШ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BolognaFC1909en

Болоња е најпријатно изненадување во Серија А и на осум кола пред крајот сонот изгледа се пореален, бидејќи тимот на Тиаго Мота е четвртопласиран на табелата и дојде на само минус два од третопласираниот Јувентус.

Денешната фудбалската програма во Серија А започна со натпреварот меѓу Болоња и Салернитана, а на „Ренато Далара“ видовме сигурно издание на домаќините, збогатени со две мајстории.

Орсолини и Салемакерс режираа вистински фудбалски ремек-дела за водство од 2:0, додека во вториот дел домаќините испорачаа уште една импресивна акција.

Салемакерс како поранешен член на Милан се почесто ја покажува својата вредност во Болоња, бидејќи покрај постигнатиот гол, денеска воодушеви и со петата по која Ликогианис ги постави конечните 3:0.

Со овој триумф, Болоња е четвртопласирана и има 57 бода, два помалку од Јувентус кој влезе во страшно лоша серија на резултати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни