Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари и Ред Бул побрзи од Мерцедес, Леклер ја освои пол-позицијата во Бахреин

Објавено

на

Првиот гран-при викенд во новата Формула 1 сезона започна со квалификациите, во кои беа потврдени резултатите најавени со досегашните тестирања и слободни тренинзи.

Болидите на Ред Бул и Ферари доминираа во трите квалификациски сесии, а иако Макс Ферстапен беше најбрз во првите две сесии, на крајот пол-позицијата ја освои Шарл Леклер.

Возачот на Ферари ќе има најдобра почетна позиција на утрешната трка во Бахреин, во првиот ред место обезбеди и Ферстапен, додека зад нив се Карлос Саинц и Серхио Перез како втори претставници на Ферари и Ред Бул.

Мерцедес засега заостанува со перформансите зад главните ривали, па Луис Хамилтон го освои само петтото место во квалификациите, а неговиот нов клупски колега, Џорџ Расел, го освои само деветтото место.

Валтери Ботас забележа одличен почеток со новиот тим (Алфа Ромео), а задоволен може да биде и Кевин Магнусен кој му донесе седмо место на болидот на Хас.

1. Леклер
2. Ферстапен
3. Саинц
4. Перез
5. Хамилтон
6. Ботас
7. Магнусен
8. Алонсо
9. Расел
10. Гасли

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни