Поврзете се со нас

Македонија

Феникс го шокираше шампионот МЗТ Скопје

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Тимот на Феникс 2010 го шокираше МЗТ Скопје (73:69) во последниот натпревар од 18. коло во Првата лига.

Актуелниот шампион имаше доста осцилации на средбата во СЦ „Јане Сандански“ и тоа ги чинеше пораз во соседскиот дуел. „Металнците“ очајно го одиграа првиот период кој го загубија со 22-7, па иако во продолжението се вратија во игра на крајот сепак избраниците на Дервишевиќ го имаа последниот збор и дојдоа до големо славје.

Рис со 22 поени беше прв стрелец, Митревски додаде 15, а ветеранот Трајковски 12 со 5 скока.

На спротивната страна браќата Војдан и Дамјан Стојановски искомбинираа 30 кошеви.

На првиот денешен натпревар Работнички беше сигурен против ФМП Академија со 99:52.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни