Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ стана трипл-дабл машинa и испиша историја, Јокиќ донесе дерби победа за Денвер (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/MavsPR

Лука Дончиќ игра во страшна форма во изминатиов период, ритам во кој продолжи и во соочувањето со Мајами Хит каде „испука“ нов трипл-дабл кој овојпат беше доволен за славје на неговиот Далас Маверикс од 114:108.

Клубот од Тексас влезе во мини криза и забележа три порази во серија, па водени од тоа играчите имаа голема желба да се поправат, да дојдат до славје пред своите гледачи, цел која ја исполнија за 35 славје во сезоната.

Во прв план беше Дончиќ со 35 поени, 11 скока и 11 асистенции со што Словенецот испиша историја, стана втор играч по Расел Вестбрук (2017) кој испорачал трипл-дабл учинок во пет натпревари во низа. Следниот ривал на Маверикс е Детроит Пистонс, па ова е можност за Лука и сам да избие на вечната листа кога е во прашање оваа категорија.

Кај Хит се издвои Розир со 27 поени и 11 асистенции.

Дербито на вечерта му припадна на Денвер Нагетс кој го доби Бостон Селтикс со 115:109. Средбата во Колорадо беше борбена, неизвесна како што сите очекуваа, а домаќините уште еднаш покажаа зошто се шампиони и дека се тимот кој ќе мора да биде совладан ако некој сака да ја преземе нивната круна.

Јокиќ имаше 32 поени со 12 скока и 11 асистенции, Мари додаде 19, Гордон 16 кошеви. На спротивната страна залудно беше блесканото издание на Браун од 41 поен и 14 скокови.

НБА, резултати
Детроит Пистонс – Бруклин Нетс 118:112
Индијана Пејсерс – Минесота Тимбервулфс 111:113
Далас Маверикс – Мајами Хит 114:108
Феникс Санс – Торонто Репторс 120:113
Денвер Нагетс – Бостон Селтикс 115:109
Голден Стејт Вориорс – Чикаго Булс 122:125
Сакраменто Кингс – Сан Антонио Спарс 131:129

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни