Поврзете се со нас

Македонија

Директорот на АМС додели благодарници на продуцентите на филмот за Дарко Панчев

Објавено

на

На изборот за најуспешни спортисти на Македонија 2023, посебна благодарница од директорот на Агенцијата за млади и спорт добија продуцентите на документарниот филм за Дарко Панчев, Спорт Клуб ТВ, Спорт Нетворк од Србија и Спортско радио 90,3 ФМ од Македонија.

Наградите ги примија Радован Максимовиќ во име на „Спортнетворк“ и Тони Митев во име на „Спортско радио 90,3“.

Овој филм беше промовиран пролетва во Скопје, а по тој повод во земјава допатуваа повеќе негови соиграчи и познати лица од светот на фудбалот.

На меѓународниот фестивал за спортски филм што летово беше одржан на Златибор, овој филм доби и специјална награда – „Најдобар филм за личност од спортот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни