Поврзете се со нас

Свет

Чави пред полуфиналето во ЛШ: Сити е најдобар тим во светот, ќе биде најправедно ако…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес е воглавно фокусиран на следните предизвици во Ла Лига и што побрзо обезбедување на титулата во домашното првенство, но сепак не може да ги игнорира и случувањата во најелитното натпреварување во Европа.

Реал Мадрид одново ќе игра во едно полуфинале и е во добра позиција да се бори за уште еден трофеј во Лигата на шампионите, па не е никаква тајна дека Чави како легенда и актуелен тренер на Барса ќе навива за Пеп Гвардиола.

Манчестер Сити е во игра за „тројна круна“ и ги брка титулите во Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот, а Чави искрено се надева дека неговиот поранешен тренер Гвардиола ќе успее во намерата да оствари нов историски успех.

Чави како играч ја освои триплетата токму под водство на Пеп, кој сега има обид да го повтори огромниот успех на Сер Алекс Фергусон и неверојатниот тим на Манчестер Јунајтед.

– Манчестер Сити е најдобар тим во светот. За мене нема дилеми, тие се најдобри. Фудбалот кој го играат е пример за нас. Сити го има најдобриот тренер во светот, ќе биде најправедно ако Сити ја освои триплетата до крајот на сезоната, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни