Поврзете се со нас

Олимписки игри

Блажевска Еминова победи во својата група и одлично се претстави на Олимписките игри

Објавено

на

Миа Блажевска Еминова денеска го дочека својот настап на Олимписките игри откако беше испратена со вајлд-карта од страна на МОК, па мора да се напомене дека 15-годишната пливачка одлично се прикажа на најголемата сцена.

Младата Миа заврши како првопласирана во својата квалификациска група на 100 метри слободно и беше најдобра во конкуренција на осум натпреварувачки.

Блажевска Еминова оствари време од 57.19 секунди, што беше за шест стотинки послаб од нејзиниот најдобар во квалификациите за Летните Олимписки игри.

Сепак, овој резултат не беше доволен за да се најде во полуфиналето во оваа категорија, па Олимпискиот турнир го заврши на 40-та позиција од 52 натпреварувачки.

Во групата во која се натпреврауваше Блажевска Еминова, зад македонската пливачка заврши Џулијан Кукс која имаше 13 стотинки послабо време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни