Поврзете се со нас

Свет

Безјак за инцидентот во хрватското дерби: Случајно го закачив делегатот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/rknexenasice

Хрватското ракометно дерби меѓу Нексе и ППД Загреб беше прекинато откако делегатот на натпреварот добил удар од домашниот ракометар Марко Безјак, а судиите решиле да го прекинат натпреварот по настаната мешаница на теренот.

Безјак може да добие сериозна казна, противникот ќе го добие дуелот со службен резултат, но Словенецот во интервју за „Индекс“, вели дека некој намерно сака да го претстави на погрешен начин и дека случајно го закачил делегатот.

– Снимката објаснува се што треба да се објасни. Имаше контакт меѓу мене и делегатот, но немаше никаква намера, ниту пак интензитет за да се направи ваков случај.

– Добив две минути исклучување, бев лут и додека го напуштав теренот, го закачив тој господин.

– Можеби требаше повеќе да внимавам како одам, но немав да го удрам или недај Боже, да го повредам. Сите кои ме познаваат знаат дека не би го удрил делегатот со лакт како што тврдат судиите, а шокиран сум и од одлуката натпреварот да биде прекинат. Во прв момент мислев дека човекот падна бидејќи му се слошило од жештината во салата, но и да требаше да бидам казнет, можеа да ми покажат црвен картон и натпреварот да продолжи, – изјавил Безјак.

Дибиров за инцидентот во Нашице: Сум видел многу работи, ама вакво нешто гледам првпат

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни