Поврзете се со нас

Свет

Дибиров за инцидентот во Нашице: Сум видел многу работи, ама вакво нешто гледам првпат

Објавено

на

Тимур Дибиров го напушти Вардар како вистинска клупска легенда и сега со своите ракометни квалитети му помага на хрватскиот првак ППД Загреб.

Во последното интервју за „Спортске новости“, рускиот ракометар говорел на повеќе теми, меѓу кои и инцидентот на дуелот со Нексе во Нашице, кој беше прекинат поради напад на делегатот.

– Сум видел многу работи во кариерата. Тепачки меѓу ракометарите и непристојно однесување кон судиите, но првпат гледам некој да го удри делегатот и тоа искрено ме шокираше како странски ракометар.

– Да дојдеш во друга земја и да не ги почитуваш правилата на однесување, некои норми, тоа ми е неприфатливо.

– За да биде поинтересно, уште не ми е јасно што беше толку спорно на натпреварот. Навистина не разбирам, – рекол Дибиров.

Според хрватските медиуми, делегатот на дербито бил удрен од словенечкиот интернационалец Марко Безјак и нему му се заканува сериозна казна. Казна го очекува и тренерот Веселин Вујовиќ, додека Загреб ќе го добие мечот со службен резултат 10:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни