Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема ги „запали“ Шпанците со последната објава на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Примамливите понуди од Саудиска Арабија се повеќе им го матат умот на големите фудбалски ѕвезди кои настапуваат во Европа, а исклучок од оваа ситуација не е и најдобриот голгетер на Реал Мадрид.

После 14 години минати во „кралскиот клуб“, по се изгледа Карим Бензема е подготвен да си замине од шпанската престолнина и да оствари простор за нов напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“, шпекулации кои дополнително добија на значење по последната објава на самито центарфорд.

Французинот сподели статус на познат новинар кој е и негов агент, а кој претходно ексклузивно објави дека Бензема денеска донел одлука да стави крај на една незаборавна авантура и да се пресели во Ал Итихад.

– Головите, трофеите, стилот, наследството: Еден од најголемите, – стои на објавата која ја сподели самиот Бензема, а која е напишана од Лауренс, новинарот на „ЕСПН“, „Би-Ти Спорт“ и „РМЦ Спорт“ кој претходно го сподели следново:

– Карим Бензема одлучи да си замине од Реал Мадрид после 14 години, 25 освоени трофеи, од кои пет титули во Лигата на шампионите. Неговото наследство е огромно. Неверојатна личност и неверојатен играч. Еден од најголемите на сите времиња, – порача Лауренс.

Оваа вест ја пренесоа сите шпански медиуми, а иако „АС“ порачува дека за одлуката на Бензема се уште не е известен Флорентино Перез, сите показатели одат кон тоа дека Карим го напушта Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни