Поврзете се со нас

Македонија

Бекот Николиќ стави потпис на двегодишен договор со Вардар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Двократниот европски шампион Вардар 1961 официјално потврди уште едно засилување за новата сезона, освежување на левата бековска позиција,

Се работи за 22-годишниот Матија Николиќ кој во Скопје доаѓа од Словенија од редовите на Шкофја Лока. Николиќ со „црвено-црните“ потпиша двегодишен договор со опција за уште една година, поточно ист договор како и крилото Марко Срдановиќ што јасно говори за Вардар сака да направи тим кој ќе биде заедно неколку сезони.

Инаку Матија има настапи и за младинската репрезентација на Србија што доволно говори дека се работи за квалитетен ракометар со сериозен потенцијал.

На подготовките има уште неколку засилувања кои треба да ги минат лекарските прегледи пред да ги потпишат и официјалните договори со клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни