Поврзете се со нас

Македонија

Замената за Манасков: Вардар го потврди ангажманот на Срдановиќ

Објавено

на

foto: rkvardar.com.mk/

Екипата на Вардар 1961 ќе има сосема поинаков состав во новата сезона, а еден од новајлиите во ростерот е Марко Срдановиќ кој потпиша двегодишен договор.

Срдановиќ доаѓа од Металопластика и е директна замена за Дејан Манасков кој го напушти „црвено-црниот“ табор. Минатата година даде 120 голови за клубот од Шабац во сите натпреварувања.

Левото крило веќе ги започна подготовките со Вардар, подготовки кои двократниот европски шампион ќе ги одработи во Скопје и Маврово.

Инаку конкуренција на Марко во нареднава сезона ќе му биде младиот Марио Стојановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни